Во Хрватска пристигнаа тестовите за домашна употреба: Пред камерите се тестираше репортерката на Н1
Брзите тестови за домашна употреба кои го детектираат корона вирусот од денеска се во аптеките во Хрватска. Репортерката Ања Перковиќ беше тестирана во аптека во Загреб со брз тест за домашна употреба. Околу 15 минути по тестирањето таа доби резултат што покажа дека е негативна на коронавирусот. Ова е прв ваков тест одобрен од хрватската Агенција за лекови.
Цената на овој тест ќе биде помеѓу 75 и 80 куни, односно 10-тина евра. Како што пишуваат хрватските медиуми, досега во Хрватска се нарачани околу 30.000 тестови, така што цената на увозот е повисока, а за тоа се плаќа ДДВ.
Цената се очекува да падне кога ХАЛМЕД ќе одобри тестови од други производители и кога тие потоа ќе излезат на пазарот, наведува Н1.
Слично
