Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ХРВАТСКА ОД КОРОНА ЗА ЕДЕН ДЕН ПОЧИНАА 65 ЛИЦА - најмладите десет не биле вакцинирани со ниту една доза

ВО ХРВАТСКА ОД КОРОНА ЗА ЕДЕН ДЕН ПОЧИНАА 65 ЛИЦА  - најмладите десет не биле вакцинирани со ниту една доза

Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 5.614 нови случаи на зараза кај 12.823 тестирани.

Починале 65 лица, од кои 52 не биле вакцинирани со ниту една доза. Тоа значи дека дури 80 отсто од починатите не биле вакцинирани.

Најмладите 10 починати не примиле ниту една доза од вакцината, а се работи за лица на возраст од 48 до 69 години.

Во моментов се хоспитализирани 2.542 лица, а на респиратор се 320 пациенти.

Од вчера вакцинирани се 52,04 отсто од вкупното население и 62,14 отсто од возрасното население во Хрватска.

Вчера се потрошени 25.216 дози вакцина, од кои со првата доза се вакцинирани 12.817 лица.

Досега со најмалку една доза се вакцинирани 2.111.804 лица, од кои вакцинирани се 1.889.974 лица (1.733.085 лица вакцинирани со две дози и 156.889 лица вакцинирани со Јансен), што сочинува 55,85% од возрасната популација.

Извор и фото: Индекс.хр

Слично

Поврзани вести