Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Хрватска нерешено: Двете најголеми партии освоија по 56 мандати

Во Хрватска нерешено: Двете најголеми партии освоија по 56 мандати

Затворени се гласачките места во Хрватска и официјално изборите се прогласени за завршени.

Според првичните информации базирани на излезни анкети, Социјалдемократската партија на актуелниот премиер Зоран Милановиќ и опозициската Хрватска демократска заедница на Томислав Карамарко освојуваат ист број на пратенички места, по 56.

На третото место според првичните резултати, со 18 мандати, е партијата Мост.

Ова се осми парламентарни избори во Хрватска од 1990 година, но се први на кои гласачите имаа право на преференцијален глас, кој им овозможува на гласачите на еден од кандидатите да му дадат предност во однос на другите од изборната листа.

Слично

Поврзани вести