Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Хрватска највисоката каматна стапка за станбен кредит 6,37 отсто

Во Хрватска највисоката каматна стапка за станбен кредит 6,37 отсто

Министерството за финансии и Хрватската народна банка во подготовка се за формула според која во иднина ќе се ограничуваат каматите на кредитите со што највисоката камата на потрошувачки кредити и дозволени „минуси“ се намалува од сегашните 12 на 11 отсто.

Највисоката камата за станбени кредити може да биде само еден процентен поен над просечната каматна стапка одобрена во претходната година, објави Вечерњи лист.

Станбените кредити ќе бидат групирани според валутите со што еднаш годишно ХНБ ќе објавува податок за каматите на кредити врзани за евро, швајцарски фанк и куната.

Минатата година просечната камата на сите станбени кредити со девизна клаузула била 5,37 отсто и според таа формула највисоката камата на станбени кредити би била 6,37 отсто.

Доколку се мине како што е планирано, законот би се однесувал на нови и на стари кредити, па голем број корисници на станбени и потрошувачки кредити може да очекуваат пад на каматите, наведува весникот.

Слично

Поврзани вести