Во Хрватска матурант загина враќајќи се од матурска вечер
Тешка сообраќајна несреќа се случила ноќеска околу 2:15 часот во местото Горна Река кај Јастребарско, во Хрватска, при што загинал 18-годишен матурант, а три лица се повредени.
Според информациите од Полициската станица Јастребарско, несреќата се случила кога автомобил, од засега неутврдени причини, излетало од патот. Полицијата спроведува истрага за да ги утврди сите околности на трагичниот настан.
Во автомобилот се наоѓале четири лица. Загина 18-годишен патник од карловачкото подрачје, ученик во Средното училиште Јастребарско и матурант од првата генерација логистичари, објави порталот Jaska.online.
Повредени се возачот и две патнички, а една од нив се здобила со тешки телесни повреди.
Несреќата се случила на свиок кај мост, во близина на објект во кој со години се одржува матурската вечер на средношколците од Јастребарско. Жителите на тој дел велат дека станува збор за делница на која и претходно имало повеќе сообраќајни несреќи.
