Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Хрватска има повеќе руски туристи отколку украински бегалци

Во Хрватска има повеќе руски туристи отколку украински бегалци


Од почетокот на војната во Украина иницирана од Москва, Хрватска била посетена од речиси 50.000 руски државјани, а според пресметките, повеќе од 7.000 од нив се уште живеат во таа земја, пишува Вечерњи лист. Бројот на руски државјани е нешто помал во споредба со истиот период лани, но пристигнувањата не само што не запреле, туку се и релативно многубројни. 

Од друга страна, овој голем број Руси во Хрватска покажува нешто друго - и покрај тоа што официјална Москва ја прогласува Хрватска за непријателска држава, на „обичните“ Руси не им е грижа и доаѓаат. Очигледно само на малкумина им пречи тоа што нема летови од Русија до ниту една дестинација во ЕУ, па доаѓаат со авион преку Србија или Турција.

Може да се каже и дека од почетокот на руската агресија врз Украина, повеќе Руси дојдоа во Хрватска отколку украински бегалци, од кои има околу 20.000.

Треба да се нагласи дека Русите - освен оние кои се на црната листа и кои се под санкции на Европската унија - нормално можат да патуваат низ Унијата, за туризам или од некоја друга причина, и да го користат својот имот што го имаат во Хрватска исто така. 

Инаку прашањето за руските визи и туристичките посети ќе биде тема на состанокот на министрите за надворешни работи на крајот на овој месец во Чешка, земја која претседава со Советот на Европската унија.


Слично

Поврзани вести