Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Хрватска авион слета меѓу камиони

Во Хрватска авион слета меѓу камиони

Во Хрватска авион слета меѓу камиони. 

Авион, кој летал на релација Риека-Сплит-Дубровник, слета на затворен дел на пистата на аеродромот во Дубровник, меѓу камиони и градежна механизација, пишуваат тамошните медиуми. 

Станува збор за авион во сопственост на „Ванер Европа“, во кој имало седум патници и тројца членови на екипажот. На местото на инцидентот веднаш пристигнале противпожарни екипи и медицинска помош.

Авионот останал десетина минути на местото каде што слетал. Еден од патниците рекол дека не биле известени за инцидентот и дека екипажот им рекол дека слетале порано и дека затоа авионот стои на пистата.

Слично

Поврзани вести