Во Херсон стартува плаќање во рубљи
Градот Херсон во Украина денеска ќе премине на плаќање со рубљи, тврди проруската администрација. Русите го окупираа градот.
Постојаната контрола над Херсон и неговите транспортни врски ќе ја зголеми способноста на Русија да го одржи напредувањето на север и запад и ќе ја подобри безбедноста на руската контрола над Крим.
Британците велат дека Русија се обидела да ја легитимира својата контрола со инсталирање на проруска администрација. Ќе има четиримесечна промена на валутата од украинските гривни во руските рубљи. Украина засега останува на ставот дека нема да прави компромис со територијалниот интегритет.
Слично
