Во Хаг на мртвиот Милошевиќ му е изваден мозок?
Oд мртвото тело на поранешниот српски претседател Слободан Милошевиќ во Хаг е украден мозокот! Никој не знае каде е мозокот на српскиот претседател Милошевиќ, oбјави БиБиСи.
Телото на Милошевиќ веќе 12 години почива на гробиштата во неговиот роден град Пожаревац во Србија и тоа без мозок, поради тоа што мозокот бил изваден и задржан во Хаг, што за БиБиСи го потврдиле тогашни официјални претставници на Трибуналот во Хаг.
Дека телото на Слободан Милошевиќ во Србија било пренесено без мозок, открил Кристијан Шартије, кој во времето на смртта на Милошевиќ бил официјален портпарол на Трибуналот.
„Се сеќавам дека мртвото тело на Милошевиќ во март во 2006 година беше вратено во Србија без мозок. Не знам што било потоа, дали мозокот е вратен на семејството цел или во делови, или пак останал во Институтот или е уништен“, изјавил Шартије за БиБиСи, а Флоренс Артман, која во 2006 година била портпаролка на Карла дел Понте, главната тужителка на Трибуналот, со својата изјава само ја продлабочила мистеријата.
Телото на Милошевиќ по аутопсијата во затворен ковчег му е предадено на неговиот син Марко, кој долетал од Москва за да го преземе. Според БиБиСи во тоа време се појавиле и теории дека смртта на Милошевиќ е лажирана и дека тој тајно бил пренесен во Москва, а во Србија бил испратен празен ковчег.
