Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Грција запленети 13 тони говедско месо од Романија, под сомнеж дека е коњско

Во Грција запленети 13 тони говедско месо од Романија, под сомнеж дека е коњско
Грчките санитарни власти на пристаништето Пиреја запленија 13 тони замрзнато говедско месо со потекло од Романија, соопшти весникот „Елефтеротипија“. Пратката со месо е дадена на лабораторски испитувања.

Според надлежните грчки органи, проверките се наметнати бидејќи две компании од британскиот пазар повлекле замрзната храна што соддржела 30% коњско месо во нив, а веројатно тоа дошло од две кланици во Романија.

Според властите во Ирска и Велика Британија, досегашните тестирања не покажале дека консумирањето на посочената храна крие опасност за здравјето на луѓето

Слично

Поврзани вести