Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Грција почнаа првите протести против повисоката возраст за пензионирање

Во Грција почнаа првите протести против повисоката возраст за пензионирање

Околу 200 лица го блокираа главниот влез на грчкото Министерство за труд и социјална политика во знак на протест против подготвени пензиски кратенки кои се дел од реформите на земјата во замена за нови средства од ЕУ.

Главни учесници во протестот беа активисти од поврзаната организација ПАМЕ со комунистите во земјата, кои носеа транспарент на кој е испишано "Ние нема да бидеме робови во 21 век, пренесува Катимерини.

Во рамките на новиот закон се менува старосната граница за пензионирање на 67 година до 2022 година, а пензиите се намалуваат за 10% за луѓето под оваа возраст кои се пензионирале, но ги немаат потребните години.

Атина треба да ги одобри реформите за да се заврши успешно првиот преглед на третиот спасувачки план за земјата од ЕУ и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

"Тие сакаат да работиме додека станеме многу возрасни, без пензии и пристап до здравствена заштита", се вели во соопштението на ПАМЕ.

Организацијата, како и синдикатот на државните работници АДЕДИ, ќе одржат митинг пред парламентот во петокот, кога ќе биде и гласањето на предлог-законот.

Во средата (14-ти октомври) Владата на Алексис Ципрас се откажа од плановите да ги зголеми даноците за приходи од имот со образложение дека Атина се уште води преговори со меѓународните кредитори на реформите.

Слично

Поврзани вести