Во Грција нема веќе електронски цигари на јавни места
Властите во Грција воведоа забрана за пушење на електронски цигари на јавни места.
Ова предизвика незадоволство кај населението, но и кај производителите на електронски цигари.
Надлежните за ваквата одлука биле мотивирани од мислењата на американски и европски фармацевски компании, кои тврдат дека електронските цигари се сметаат за производ од тутин и поради тоа нивната употреба на јавни места треба да биде забранета.
Сојузот на грчките претпријатија на електронски цигари (СЕЕИТ) не се согласува со тврдењето дека во Италија, Шпанија, Швајцарија и Велика Британија е забранет „чадот“ од електронски цигари на јавни места, спомнувајќи дека во Грција е воведена забрана без да се направи некакво научно истражување. во оваа бранша.
Грција има најголем број пушачи во Европа. Пред неколку години државата забрани пушење на цигари на јавни места, но таа забрана граѓаните не ја почитуваат целосно.
