Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Грција ќе се одржат предвремени избори на 20 септември

Во Грција ќе се одржат предвремени избори на 20 септември

На 20 септември во Грција ќе се одржат предвремени парламентрани избори. Ова го соопшти „BBC“ на нивниот „Twitter“ профил.

Информацијата е базирана на изјава на владин извор. Се очекува до крајот на денот таа да биде соопштена официјално и од грчкиот премиер Алексис Ципрас.

Потсетуваме дека претходно денеска министерот за економија на Грција, Панос Скурлетис повика на предвремени избори.

Според извори на „Reuters“ самиот Ципрас ќе поднесе оставка денес.

Премиерот беше остар противник на политиката за штедење, која се бара од меѓународната тројка кредитори - ЕК, ЕЦБ и ЕК.

На 5-ти јули, тој одржа и референдум на кој Грците масовно ги отфрлија условите на меѓународните кредитори, но само десетина дена подоцна тој ги прифати сите услови. Тоа предизвика извесни тензии во редовите на неговата партија, министерот за финансии Јанис Фаруфакис тогаш си поднесе оставка.

Партијата на Ципрас „СИРИЗА“ дојде на власт на крајот на јануари оваа година.

Членови на „СИРИЗА“ инсистираат партијата да се стреми кон мнозинство, бидејќи така би можела да постигне стабилна влада, што Грција не е имала во петте години на криза. „Овие избори кога и да бидат објавени од владата, ќе обезбедат решение за стабилно управување. Моите чувства се дека „СИРИЗА“ ќе има апсолутно мнозинство“, изјави за „Mega TV“ Димитрис Пападимулис, европратеник од партијата.

Слично

Поврзани вести