Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Грција „врие“ од заразени српски туристи

Во Грција „врие“ од заразени српски туристи

Србија е прва по бројот на позитивни туристи во Грција. 

Од 295 позитивни случаи 76 отсто, односно 225 се од балканските земји, а Србија е прва со најголем број заразени меѓу „увезените случаи“на Ковид-19. 

Ова е во согласност со податоците што денеска ги соопшти заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас, јави дописничката на МИА од Атина.

Од 1 до 19 јули, односно од отворањето на границите, во Грција влегле 918.032 лица, од кои мнозинството, над 620.000 се туристи кои авионски пристигнале во земјата. 

Направени се вкупно 127.900 тестови на туристи и откриени 295 позитивни случаи, од кои 186 се од копнените граници .

Од позитивните случаи кај туристите 53 се активни, 207 се вратиле во нивните земји, а 35 случаи не се повеќе активни и остануваат во Грција.

Први пет земји со најмногу случаи беа Србија со 78 случаи, Бугарија со 63, Романија со 61, Албанија со 23 и Соединетите Американски држави со шест. 

Слично

Поврзани вести