ВО ГРЦИЈА, СРБИЈА, БУГАРИЈА, ХРВАТСКА-КОВИД КОСИ: Ескалира и загрижува бројот на тешко болни деца
Последниве
неколку дена корона вирусот коси во регионот. Во соседството е регистриран
рекорден број и нови заразени случаи со ковид-19, како и огромен број полчинати
поради компликации од вирусот, Медиумите во Бугарија информираа дека дури над 7.500
лица се хоспиталиизрани во бугарските болници, а како што соопштуваат
бугарските здравствени власти, повеќе од 90 отсто се невакцинирани пациенти. На
одделенијата за интензивна нега, валат тие, има повеќе од 600 пациенти кои се целосно зависни од кислород.
Србија веќе подолг период се соочува со сериозна епидемиолошка состојба. Во последите 24 часа регистрирани се над 6.000 позитивни, а се поголем е бројот и на деца со тешка клиничка слика, заради што дел од нив се ставени и на респираторни апарати. Српските здравствени власти алармираат дека во земјата има повеќе од 5.000 деца позитивни на ковид, а најмладата жртва на ковид е 13-годишно дете од Сомброр кое како последица од ковид почина од пулмонална емболија.
И Грција викендов забележа рекорден број новозаразени, скоро, 4.700, додека 38 пациенти починаа. На одделенијата за интензивна нега во грчките болници се лекуваат стотици пациенти кои се целосно интубирани. Здравствените власти во Грција соопштуваат дека процентот на вакцинирани кои се хоспитализирани е над 85 отсто.
И Хрватска алармира на високи бројки. Таму има дури 4.000 заразени деца, заради што матичните лекари добија нови упатства за организацијата и распоредот на работа кога станува збор за вакцинација на пациентите против корона вирусот. Здравствените власти, донесеа решение со кое бара од матичните лекари во рок од 15 дена да ги контактираат сите пациенти над 65 години и да ги повикаат да се вакцинираат. Доколку не успат да стапат во контакт со телефонски повик, тие ќе одат во нивниот дом. Тоа треба да го направат во рок од 30 дена, односно да ги посетат пациентите во домовите со медицинска сестра и, доколку пациентите се согласат, да ги вакцинираат.
