ВО ГРЦИЈА СЕГА СЕ ПРЕПОРАЧУВА НОСЕЊЕ ДВОЈНА МАСКА: Делта е многу агресивна и мора да се заштитиме, апелираат епидемиолозите
Грчкиот
епидемиолог, д-р Атина Лину сега повикува на носење двојна маска бидејќи
земјата има рекорден број случаи на корона вирус оваа недела, што според неа е
резултат на многу позаразнта Делта варијанта.
Грција регистрираше досега најголем број новозаразени, 4.608 нови случаи беа објавени во вторникот.
Професор поката епидемиологија на Универзитетот во Атина, Лину, по ваквиот резултат, веднаш повика на заштита со двојна маска и тоа во цела Грција.
-Мутацијата е многу агресивна и треба да се заштитиме. Секој мора да носи маска насекаде“, повика таа.
Инаку, во текот на пандемијата, американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) спроведе низа експеримети кои покажаа дека повеќе маски навистина обезбедуваат дополнителна заштита од вирусот.
Студијата на ЦДЦ покажа дека носењето маска од ткаенина над маската за медицински процедури со три слоја, како што е хируршката маска Н-95, најверојатно значително ја намалува изложеноста на коронавирусот.
Мутацијата „Делта“ се јавува во 92% од сите случаи на корона вирус, според генотипизацијата на 2.044 примероци на инфекцијата во Грција. Сите примероци се земени по случаен избор од 19 јули 2021 година до 16 август.
Бројот на оние кои во моментов се интубирани во единиците за интензивна нега низ целата земја достигна до 336 пациенти.
Професорот по аналитичка хемија, пак, Никос Томедис, предупредува и понатамошно ширење на вирусот.
„Со враќањето на туристите во август, ќе има понатамошно ширење на пандемијата во Атика, која може да достигне врв помеѓу 16 и 20 септември и ќе направи силен притисок врз здравствениот систем. Ако сме вакцинирани, имаме големи шанси да не видиме такви бројки во септември и октомври. Меѓутоа, ако не сме вакцинирани, многу е веројатно дека ќе го видиме овој бран. Или ќе се вакцинираме, или ќе се разболиме. Нема ништо друго, вели Томеидис за Greek Reporter.
