Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ГРЦИЈА СЕ СЛУЧИ ПРЕСМЕТКА НА ПЛАЖА - млади мажи во црно пукаа во нозете на вработените во локал

ВО ГРЦИЈА СЕ СЛУЧИ ПРЕСМЕТКА НА ПЛАЖА - млади мажи во црно пукаа во нозете на вработените во локал

Паника преовладуваше на плажата Амолофон во Кавала вчера попладнето, кога имаше судир со истрели, при што беа повредени три лица.

Инцидентот, како што пренесува kavalapost.gr, се случил во бар на плажа, при што Полицијата започнала потера и поставила блокада за лоцирање на сторителот или сторителите.

Локалните медиуми јавуваат дека повредените со возила на Итна медицинска помош биле пренесени во болницата во Кавала.

Според информациите, еден од тројцата повредени е посериозно повреден, додека причините што довеле до крвавиот инцидент засега остануваат непознати.

Според Центар ТВ, 4 амбулантни возила на Националниот ургентен центар и силна полициска сила излегле на лице место.

Група млади мажи во црно почнаа да пукаат во нозете на вработените во локалот, очигледно со намера да им се заканат. Се се случи многу брзо, тие испукаа неколку рафали и отидоа во непознат правец. Полицијата и двете амбулантни возила пристигнаа веднаш, раскажува во шок еден од туристите кој се нашол среде оваа мафијашка пресметка.

Ранетите биле надвор од барот на плажата, и тие биле итно хоспитализирани.

Слично

Поврзани вести