Во Грција се роди дете од тројца родители
Лекарите во Грција и Шпанија велат дека создале бебе од три лица за надминување на неплодноста на 32-годишна жена, објави Би-Би-Си.
Детето е родено во вторникот во Грција со тежина од 2,9 килограми. Мајката и детето се во добра здравствена состојба.
Според лекарите тоа е сериозен медицински напредок кој може да помогне во спречување на неплодноста кај партнерите во целиот свет.
Некои научници од Велика Британија, сепак се загрижени дека постапката покренува некои доста сериозни етички прашања.
Експерименталната форма на инвитро користи јајце клетка од мајката, сперма од таткото и уште една јајце клетка од друга жена донатор. Целта била да се избегнат митоходриални болести кои се пренесуваат од мајката на бебето, објаснуваат медицинските лица. Кај неа се комбинираат ДНК на мајката со митохондриите на донаторот и така се спречуваат генетски болести.
Само еден таков случај е познат во светот со семејството во Јордан во 2016 година.
