Во Грција се апси за закани кон пратеници што го подржуваат Преспанскиот договор
Четири лица се упасени од страна на грчката полиција за лепење на постери од пратеници со заканувачка порака. Вчера Солун и други градови на северот од Грција осамнаа со постери на кои имаше фотографии од пратеници кои ќе ја поддрѓат владата на премиерот Алексис Ципрас и ратификацијата на Преспанскиот договор, а под профилите беше напишано „Дали ти ќе ја предадеш нашата Македонија?“.
Приведени се две лица во Кожани и две во Гревена, од кои двајца се пуштени на слобода по распитот, но другите двајца ќе бидат изведени пред јавен обвинител.
Општински служби уште вчера започнаа со отстранување на постерите, а владеачката Сириза веднаш излезе со соопштение дека нема да се дозволат закани кон пратениците со фашистички методи.
Денеска треба да се гласа за доверба на владата на Ципрас, а кон крајот на јануари треба да започне постапката за ратификација на Преспанскиот договор, како и протоколарната согласност за прием на Македонија во НАТО.
