Во Грција се апсат луѓе за подметнување на пожари
Бројот на загинати во пожарите во Грција расте, а уапсени се 4 осомничени за подметнување на пожарите.
Уапсените се на возраст од 22 до 26 години, и тие се криеле од пожарот во една напуштена куќа.
Знамињата низ цела Грција се спуштени на половина копје. На Синтагма во Атина се донира крв, се испраќа храна, лекови, а одобрен е дополнителен пакет од 20 милиони евра за најпогодените подрачја. Врховниот суд ги истражува причините за оваа трагедија, како и индициите дека државната помош стигнала доцна, и дека за вакви ситуации градовите немале планови за евакуација, но и фактот дека голем дел од уништените куќи се дивоградби покрај брегот.
Слично
