Во Грција само 41 новозаразени, од кои 11 се туристи
Грчките власти објавија дека во изминатото деноноќие во таа држава се регистрирани 41 новозаразени со коронавирусот, односно во текот на изминатите 24 часа.
Притоа, 11 од нив се откриени кај дојдените туристи во Грција.
Во последните 24 часа во Грција не е регистриран ниту еден смртен случај.
Бројот на потврдени случаи на коронавирус сега изнесува 3.772, со 193 смртни случаи. Девет пациенти се наоѓаат на респиратори, додека 122 излегоа од единиците за интензивна нега.
Слично
