Во Грција родители одбија да ги праќаат своите децата во училишта каде учат мигранти
Родителите на ученици во пет училишта во грчка област одбиваат да ги испраќаат своите деца во училишта каде што ќе учат мигранти и бегалци.
Одлуката на родителските совети е повеќе од категорична, дури и по ветувањето на министерот за образование дека сите странци ќе бидат имуни и нема ризик од ширење на болести.
Според родителите, причините за одбивањето се дека ова не се деца на бегалци, туку на мигранти.
Жителите коментираат дека по отворањето на камповите, се зголемил нагло криминалот во областа. Под влијание на родителите и учениците не ги сакаат децата на мигрантите, но има и дел кои не гледаат проблем во контактите со бегалците.
Родителите се закануваат со протести.
Слично
