ВО ГРЦИЈА РАСТЕ БРОЈОТ НА ЗАРАЗЕНИ СО КОВИД: Меѓу 156 и 266 отсто во последните четири дена
Зголемување на новите случаи на Ковиед-19, меѓу 156 и 266 отсто во изминатите четири дена, во споредба со една седмица претходно е регистрирано во Грција, како што соопшти професорот епидемиолог и член на надлежната комисија во Министерството за здравство Гикас Мајоркинис, јави дописничката на МИА од Атина.
„Како можеме да помогнеме во забавување на четвртиот бран што ни е пред вратите“, прашува Мајоркинис и дава решенија: чести превентивни тестирања со селф тест за невакцинираните, избегнување активности каде што има гужва, сè додека не се заврши со процесот на имунизација, како и закажување термин за вакцинација.
За текот на епидемијата и за процесот на вакцинација во земјата, грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе одржи состанок со претставниците на Униите на општини и периферии во Грција.
