Во Грција продолжуваат приведувањата за закани кон пратеници-подржувачи на Преспанскиот договор
Полицијата во Атина денеска испитуваше осомничен во врска со заканите против политичарите кои јавно изјавија дека ќе го поддржат договорот за името на Грција со Македонија.
Не беа објавени детали за идентитетот на човекот, иако некои локални медиуми сугерираа дека има 40 години и им припаѓа на крајната екстремна десница.
Надлежните органи на редот го испрашуваат осомничениот во врска со заканите против поранешниот пратеник на центристичката „Река“, Спирос Даниели и неговото семејство, откако тој гласаше за доверба на владата на премиерот Алексис Ципрас во грчкиот парламент.
Полицијата отворени закани оваа недела евидентирала и против Костас Зуририс од Независни Грци и заменик-министерката за заштита на граѓанските права Катерина Папакоста, инаку независен пратеник. И опвие двајца се пратеници кои го поддржуваат Преспанскиот договор а при тоа не се членови на владеачката Сириза.
Инаку претходните два дена имаше и апсење и притворање на националисти кои со постери ги бележеа пратениците-подржувачи на Преспанскиот договор во Солун и околните градови во северот на земјата.
