Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Грција потврден случај на јужноафриканската мутација на коронавирусот

Во Грција потврден случај на јужноафриканската мутација на коронавирусот

Кај јужниот сосед е потврден случај на јужноафриканската мутација на коронавирусот. 

Заменик-министерот за цивилна заштита на Грција Никос Хардаљас и претседателот на Националната организација за јавно здравје итно заминаа за Солун по откриен случај на јужноафриканската мутација на Ковид-19, јави дописничката на МИА од Атина. Од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција соопштуваат дека по состанокот одржан денеска со епидемиолозите, било одлучено Хардаљас и Аркуманес да заминат за Солун за да ја оценат ситуацијата. Во земјата има 66 случаи на британската мутација на вирусот. Во Грција од вирусот починаа над 5.700 луѓе. 

Слично

Поврзани вести