Во Грција мигранти киднапирале други мигранти и барале откуп
Мигранти киднапирале други мигранти, по што барале откуп.
Грчката полиција уапси група мигранти под обвинение дека киднапирале пет странски државјани, наводно Индијци, и ги држеле еден ден во шумска област во местото Поликастро. Киднапираните илегално влегле во Грција, од каде што барале начин да го продолжат патувањето. Полицијата вчера ги лоцираше и ги спаси, а ги уапси и наводните сторители на киднапирањето, млади луѓе, мигранти од Авганистан и Пакистан, меѓу нив и 16-годишник. Полицијата соопшти дека киднаперите им наредиле на жртвите да контактираат со своите роднини и да им кажат да им префрлат пари, за нивно ослободување.
Слично
