Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ГРЦИЈА И ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ: Ги укинуваат мерките, но само од мај до крајот на летото

ВО ГРЦИЈА И ЗА НЕВАКЦИНИРАНИТЕ СЛОБОДНО ДВИЖЕЊЕ: Ги укинуваат мерките, но само од мај до крајот на летото

Укинување на мерките, од мај до август, најави министерот за здравство Танос Плеврис од Делфи, каде што се одржува 7. Економски форум.

Од септември тестот повторно ќе се воведе, пишува грчкиот портал „Енимеротико“.

Тоа практично значи дека на невакцинираните нема да им бидат потребни тестови за да седат на отворени простории во барови, кафулиња, ресторани и ноќни клубови, и оваа мерка ќе потрае во текот на летото.

„Не ја игнорираме пандемијата, но влегуваме во нова регулатива за укинување на ограничувањата, но подготвени сме за есента и за вакцинацијата. Овој Велигден ќе го поминеме со мерките кои важат денеска, бидејќи историски датум за опуштање е 2 мај, односно денот кога е поместен Први мај“, вели грчкиот министер за здравство.

По крајот на летото, грчките здравствени власти веќе ставија до знаење дека мерките ќе се вратат.


Слично

Поврзани вести