Во Грција до крајот на ноември само со негативен ПЦР за патниците од сите земји
Грчката влада донесе одлука, до крајот на ноември секој патник што ќе допатува во
земјата со некој од меѓународните летови задолжително да покаже негативен ПЦР
тест, кој е направен не подолго од 72 часа пред патувањето.
Според грчките власти, оваа одлука важи за периодот додека во Грција на сила е најстрогата мерка, односно додека има карантин. Според упатствата од Службата за цивилно воздухопловство на Грција, најновата мерка за задолжителен негативен ПЦР, стапи во сила утринава.
Домашните летови во Грција од понеделникот се само за неопходни патувања.
Слично
