Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Грција денес има повеќе заразени од вчера

Во Грција денес има повеќе заразени од вчера

Се зголемува бројот на заразени со коронавирусот во Грција. 

Денес има повеќе инфицирани од вчера. Во Грција се регистрирани нови 1.820 случаи на коронавирусот.  Има 1.061 случај во Атика, 172 се на Крит, 51 во Солун, 50 во Јанина, 18 во Коринт, 14 на островот Миконос (кој веќе е во третата портокалова зона), 12 на Крф, пет на Халкидики итн. Од новите случаи 21 е „увезен”, од кои шест се откриени на влезните точки во земјата.

Вчера кај јужниот сосед имаше 1.797 случаи на коронавирус и осум починати. 


Последен пат, над 1.800 новозаразени во Грција имаше на 1 јуни годинава. Од почетокот на пандемијата во земјата, од вирусот починаа 12.763 лица, а потврдени се 430.960 позитивни случаи.

Се враќаат дел од рестрикциите. 

Страв од зголемување на бројот на заразени има и во Србија, каде ќе се зголемуваат болничките капацитети. 

foto freepik

Слично

Поврзани вести