Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Грција денес има над 40.000 заразени со коронавирусот

Во Грција денес има над 40.000 заразени со коронавирусот

Кај јужниот сосед има повеќе од 40.000 заразени со коронавирусот за едно деноноќие. 

Новозаразените се од 544.466 направени тестови, а повторно, најголемиот дел од случаите, 17.000 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, јави дописничката на МИА од Атина.

Починале 76 луѓе од вирусот, а 627 пациенти (девет помалку од вчера) се приклучени на апарати на Одделите за интензивна нега во болниците, од кои 541, односно 86,28 отсто се невакцинирани или делумно вакцинирани.

Четврти ден по ред Грција урива рекорди со бројот на заразени. Досега 20.790 грчки граѓани ја изгубија битката со коронавирусот.

Слично

Поврзани вести