Агенција за приватизација ќе распише седум нови тендери за продажба на државни акции во Грција
Седум нови тендери за продажба на државни акции, следниот месец ќе распише грчката Агенција за приватизација, објави денеска весникот „Нафтемборики“
Се очекува да бидат дадени на продажба пристаништата во Патра и во Солун, а подоцна ќе бидат објавени тендери и за продажба на десет регионални пристаништа, водостопанството ЕВДАП и железничкиот оператор ТРЕНОСЕ. Агенцијата за приватизација бара начин и за забрзување на продажбата на компанијата за гас ДЕПА, откако претходниот тендер пропадна во јуни, кога единствен понудувач руската компанија „Газпром“ се повлече под притисок од Брисел. Грција во согласност со договорот со меѓународните кредитори треба да собере 2,5 милијарди евра од продажба на државните акции до крајот на година.
Слично
