Во грчките бегалски кампови може да се појави маларија?
Во Грција здравствените власти се плашат од ширење на маларија меѓу мигрантите кои се на нивна територија.
Главниот секретар во Министерството за здравство, Јанис Баскозос изјави на прес конференција дека постои опасност за ширење на болести меѓу мигрантите и за пренесување на болести врз грчките граѓани.
Тој објаснува дека се можни инфекции во камповите каде се мигрантите заради високите температури.
Побарано е вакцинација на децата во камповите, но државата нема доволен број дози на вакцини. Затоа ќе се формира комисија што ќе овозможи итен увоз на вакцини за околу 20.000 деца бегалци. Лекарите предупредуваат на ширење маларија ако навреме не се спроведе прскање против комарци. Министерството за здравство соработува со Европскиот центар за контрола на заразните болести за прегледи и епидемиолошки анализи на бегалците.
