Во гевгелискиот камп нема заразени бегалци
Нема заразни заболувања меѓу мигрантите кои се сместени во кампот во Гевгелија, потврди епидемиолошката служба при ЈЗУ Гевгелија.
Според нив хигиената е на задоволително ниво, објектите се затоплени и направена е дезинфекција на површина од 2.400 метри квадратни.
Бидејќи се појавила жолтица во бегалскиот камп во Идомени, кој е на околу 700 метри од гевгелискиот, епидемиолозите предложија зголемување на хигиената во просториите, одржува на личната хигиена, чистење на сите простории и санитарни јазли, употреба на течен сапун и ред други препораки.
Во кампот во Гевгелија престојуваат 45 мигранти, од кои 12 мигранти останаа откако се затвори балканската рута, 10 се вратени од Табановце и 23 се од групата бегалци кои во понеделникот беа спасени во Сува река.
Слично
