Во Германија врие, протест поради скапите кирии
Во повеќе европски градови денеска се одржуваат масовни протести поради скапите кирии за живеење, а предничат Германците и во нивната престолнина Берлин се одржа најголемиот собир против овој трошок, за кој што сметаат дека е огромен социјален издаток и дека неговото зголемување е без ограничување..
Според податоците на полицијата, протестот во престолнината имало повеќе од 10.000 лица, додека организаторите на собирот зборуваат за дури 40.000 учесници, пренесува „Билд“.
Организаторите велат дека компаниите-сопственици трупаат профити во милијарди, а од друга страна со години растот на наемнината е постојан со што може да се загрози социјалниот мир. Ја повикаа државата да гради повеќе социјални станови за да се намали цената преку конкуренција, но и да се даваат повеќе градежни дозволи и изградба на над 300.000 нови станови годишно.
Тие носеле транспаренти на кои пишувале „Престојувањето е основно право“ и „Град за сите“, а се бара и референдум за експропријација на компаниите кои во своја сопственост имаат повеќе од 3.000 станови и кои постојано ги зголемуваат кириите.
Се протестираше и во Келн, Амстердам, Барселона, Брисел, Будимпешта, Лисабон, Париз, но и во други градови.
Во Норвешка двајца од секои десет не живеат во сопствен дом, додека во Италија тројца од десет, а во Германија тоа е уште поизразено.
