Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Германија од денес се воведуваат нови мерки: Да се сочува економијата, но да работат и градинките и училиштата

Во Германија од денес се воведуваат нови мерки: Да се сочува економијата, но да работат и градинките и училиштата

Поради големиот пораст на бројот на лица заразени со вирусот корона, Германија од денес воведува драстични мерки со кои владата сака да го потисне ширењето на епидемијата.

Мерките ќе бидат на сила до крајот на ноември, а оваа одлука, со која значително се ограничува секојдневието, предизвика бурна реакција kaj граѓаните, пренесува Ројтерс.

Канцеларката Ангела Меркел рече дека владата е свесна дека бара многу од народот, но дека мора да дејствува сега.

"Нашиот здравствен систем може да се справи со овој предизвик денес. Но, ако продолжи со ова темпо, ќе ја достигнеме границата за неколку недели. Затоа се неопходни овие груби мерки", рече Меркел.

Целта е да се намали бројот на нови заболувања до Божиќ, додека економијата ќе продолжи да функционира, а училиштата и градинките остануваат отворени.

Единствено рестораните, баровите и другите угостителски објекти ќе бидат затворени, но ќе може да продаваат храна и пијалаци за носење. Фитнес клубовите, салоните за тетовирање, базените, салоните за убавина и масажи, театрите, кината и концертните сали нема да работат овој период. 

Градинките, училиштата, фирезите и продавниците ќе останат отворени, но се подложни на хигиенските и епидемиолошките мерки, а во хотелите би требало да се престојува само во итни случаи, а не во туристички цели.





Слично

Поврзани вести