ВО ГЕРМАНИЈА ДОБРО СЕ ЗАРАБОТУВА, НО И МНОГУ СЕ РАБОТИ: Српски гастарбајтер го раскажа своето искуство
Mногу балканци сакаат да се иселат во Германија поради високите плати, но освен што добро се заработува, во оваа земја и многу се работи.
„Еспресо.рс“ пренесува сведошто на српски гастарбајтер кој раскажува како всушност изгледа кога си вработен во германска фабрика.
„Кога имав неполни 20 години отидов кај моите родители во Германија. Според тогашниот закон, бев малолетен и дома требаше да служам војска. Откако наполнив 21 година, за неколку месеци ги средв сите документи и најдов работа. Најпрво ми беше тешко да станувам во 04.30 часот, но се навикнав. Се работи од 06 часот. Ако пристигнеш во 05.50 – веќе е доцна – немаш време за ништо како пресоблекување, кафе итн. Во 06.01 машината зуе како да е 10.00 часот. 08.55 – 09.00 се мијат рацете. 09.00 – 09.10 појадок. Времето за појадок е на товар на работодавачот. 11,55 се мијат раце. 12.00 – 12.30 – ручек (тие половина часа ги одработуваме). За време на работа, понекогаш немаш време и да пиеш вода. Ако ти сакаш да одиш во тоалет, го викате бригадирот да ве замени (не е ограничено колку пати). Кој не сака да се навикне на ваква и слична дисциплина нека остане дома. Условите за работа се екстра, иста температура во лето и зима. Се плаќа прекувремена работа и се најавува неколку дена претходно, но не е задолжително, тоа е само она од договорот“, раскажува соговорникот на „Есресо.рс“.
Но, тој додава дека откако ќе си замине дома, никој не го вознемирува поради работата.
И во германската амбасада во Скопје имаше наплив на барањ за визи, со цел заминување во Германија.
