Во Германија ЦЕНИТЕ НИКОГАШ НЕ РАСТЕЛЕ ПОБРЗО! „Не било полошо, но една работа навестува намалување на притисокот“
Производните цени во Германија продолжуваат да растат со
вртоглаво темпо, па во септември тие беа за 45,8 отсто повеќе од 12 месеци
порано. Во август и септември е забележан најбрзиот годишен раст на цените на
производителите од почетокот на мерењето во 1949 година.
Главен двигател на поскапувањето и натаму е цената на енергенсите, која за 12 месеци е повеќе од двојно зголемена од 132,2 отсто. Покрај тоа, поскапеа и полупроизводите, инвестициите и производите за широка потрошувачка, делумно поради енергетските производи.
Без енергија во пресметката, цените на производителите се зголемија за 14 отсто на годишно ниво во септември, објави Федералното биро за статистика.
Економистот на Комерцбанка Ралф Золвин оценува дека оваа основна стапка е добар знак, бидејќи навестува олеснување на ценовната инфлација.
Золвин ова го припишува на повеќемесечното затишје на цената на полупроизводите, додавајќи дека се надева на одредено намалување на притисокот врз цените на производителите во следните неколку месеци.
Тие цени се зголемија повеќе од август до септември отколку што предвидуваа економистите, за 2,3 наместо 1,5 отсто. Инаку, месечниот скок од 7,9 отсто меѓу јули и август е нов рекорд.
Цените на производителите го одразуваат инфлацискиот притисок на ниво на производство, односно цените по кои производителите ги продаваат своите производи.
Тие се сметаат за ран показател за инфлација, бидејќи по правило се прелеваат во малопродажните цени.Фото: unsplash
