Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Германија недостигаат станови и се даваат субвенции од 20.000 евра

Во Германија недостигаат станови и се даваат субвенции од 20.000 евра

Германија со 20.000 евра го поттикнува купувањето недвижен имот, а воедно се разгледуваат можности за олеснување на изградба на станови во места каде тоа досега не беше можно. 

Барбара Хендрикс, министерката за градба вели дека целта е да го доближат работењето и градењето станови. 

Во урбаните средини ќе има снижување на некои услови. 

Се даваат 20.000 евра помош за оние кои сакаат да купат или изградат имот. 

Субвенцијата е за семејства кои имаат годишни примања не повеќе од 70.000 евра. 

Со доаѓањето на бегалците, но и граѓани од други делови на Европа, во Германија недостигаат станови. Станови фалат за луѓето со стабилни приходи. 

Во Германија 52% од граѓаните живеат во свој дом, што е најниско во ЕУ. 




Слично

Поврзани вести