Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Франција започна национален штрајк

Во Франција започна национален штрајк

Француските синдикати започнаа денеска национален штрајк со кој ќе бараат повисоки плати во услови на највисока инфлација во последните децении, што ќе биде еден од најтешките предизвици на претседателот Емануел Макрон по реизборот во мај.

Штрајкот, кој најпрво ќе ги погоди јавните сектори како што се училиштата и транспортот, е продолжување на повеќенеделниот штрајк кој ја наруши работата на големите рафинерии и снабдувањето со бензински пумпи. Еуростар соопшти дека откажани се некои некои возови меѓу Лондон и Париз поради штрајкот.

Како што се зголемуваат тензиите во втората по големина европска економија, штрајковите веќе се прелеаа и во други делови од енергетскиот сектор, вклучително и нуклеарниот гигант ЕДФ, каде што работите на одржување, клучни за снабдувањето со енергија во Европа, ќе бидат одложени.

Претставник на синдикатот FNME-CGT во понеделникот изјави дека штрајковите влијаат на работата на 10 нуклеарни централи, со дополнително одложување на одржувањето на 13 реактори и намалено производство на електрична енергија во Франција за вкупно 2,2 гигавати.

Во јавниот превоз се очекуваат големи прекини во локалниот сообраќај, вклучувајќи го Еуростар, возовите и меѓуградските возови, како и париската железница.


Слично

Поврзани вести