Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во Франција, Италија и Германија инфлацијата урива рекорди

Во Франција, Италија и Германија инфлацијата урива рекорди

Инфлацијата расте во Франција, Италија и Германија. 

Потрошувачките цени во Франција скокнаа во октомври, на 6,2 отсто во споредба со истиот месец минатата година.  Голем пораст има кај прехранбените производи кои изнесуваат 11,8 отсто, а кај свежите производи дури 16,9 отсто. Енергенсите поскапеа за 19,2 отсто, а на индустриските производи за 4,2 отсто.

Инфлацијата во Германија во октомври, се зголемила на рекордни 10,4 отсто на годишно ниво од 10-те отсто претходниот месец, произлегува од соопштението од петокот на Сојузниот завод за статистика Destatis.

Италија скоро четири децении немала ваква инфлација како денес. Италијанскиот институт за статистика (ISTAT), ги објави податоците за инфлацијата во земјата за октомври и според него таа пораснала на 11,9 отсто на годишно новo. Toa е најголемата стапка од 1984 година.

Слично

Поврзани вести