Во фокусoт на работните групи ставени изборните правила
Под посредство на белгискиот експерт Питер Ван Ховит денеска треба да се одржи првата официјална средба на работните групи.
Во фокусот на средбата ќе се најдат разговори за измени на Изборниот законик, прочистување на избирачкиот список, изборното законодавство, како и гласање на дијаспората.
Претставниците на четирите политички партии ќе дебатираат и за ДИК како и за активен попис на гласачите со биометриски отпечатоци на прстите.
Со договорот од 2 јуни и од 15 јули кој го потпишаа четиритте партии потписнички се обврзаа да формираат 9-10 работни групи кои ќе работат на спроведување на сите забелешки од извештајот.
Веќе еден состанок се одржа преходната недела на кој исто така главна тема беше за изборниот закон и избирачкиот список.
