Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во февруари издадени 335 одобренија за градење, се градело повеќе од лани

Во февруари издадени 335 одобренија за градење, се градело повеќе од лани

Во февруари 2016 година се издадени 335 одобренија за  градење, што е за 48.2% повеќе во однос на истиот месец од претходната година.

Според податоците на Државниот завод за статистика, предвидената вредност на објектите изнесува 5 872 239 илјади  денари што е за 228.3% повеќе во однос на истиот месец лани.

Од вкупниот број на издадени одобренија за градење, 197 (58.8%) се наменети за објекти од високоградба, 39 (11.6%) за објекти од нискоградба и 99 (29.6%) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 335 објекти, на 198 (59.1%) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 137 (40.9%) објекти  инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 848 станови со вкупна корисна површина од 66 209 м2.

Најмногу се градело во скопскиот регион, каде се издадени 118 одобренија за градба, а во југоисточниот има само 14 одобренија за градба.

Слично

Поврзани вести