Во февруари 1.2% вработени во земјава не земале плата
Во февруари 2016 година, 1.2% од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Овој податок го објави Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари 2016, изнесува 21 813 денари. Според податоците на оваа институција, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава во однос на февруари лани, изнесува 103.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: градежништво (16.3%), административни и помошни услужни дејности (11.1%) и земјоделство, шумарство и рибарство (11.0%).
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: земјоделство, шумарство и рибарство (9.2%), трговија на големо и трговија на мало, поправка на моторни возила и мотоцикли (7.8%) и снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (6.5%).
