Во Фаланга 2 уапсен Паско Кузман
Уапсен е Паско Кузман, директор на управата за заштита на културното наследство. Утринава пред Скопскиот Кривичен Суд Кузман беше изведен со лисици на рацете, пренесе Прес 24.
Од МВР потврдуваат дека Кузман бил уапсен утринава но повеќе детали најавувааат за подоцна во текот на денот. Според извори од истрагата, Паско Кузман е приведен во врска со акцијата Фаланга 2 во која претходно паднаа 19 лица меѓу кои и вработени во Управата за заштита на културното наследство, Музејот на Македонија и Музејот во Демир Капија како и полициски службеник од Велес.
Групата која се товари, од археолошки локалитети на територијата на Демир Капија, Свети Николе, Кавадарци и Скопје вршела илегални ископувања на предмети со културна и археолошка вредност, продавање на истите во Македонија и странство како и продажба на икони за кои постојат сомненија дека потекнуваат од црковни објекти, а се со непроценлива вредност за културното наследство на Македонија.
Слично
