Во Европа уапсени учесници во онлајн криминал
Во повеќе европски земји уапсени се луѓе кои биле вмешани во онлајн криминал, и на тој начин продавале оружје и дрога.
Рација имало во 69 домови и канцеларии во Европа, конфискувани се неколку сервери и уапсени се осомничени, кои на форуми продавале оружје, дрога и лажни документи.
Германската во соработка со полицијата во БИХ, Швајцарија, Франција, Холандија, Литванија и Русија минатата недела спроведе акција.
Главниот осомничен е 27-годишен босански државјанин, кој беше уапсен во неговата родна земја. Три германски мажи, на возраст од 21, 22 и 29 години, и двајца сириски браќа, на возраст од 19 и 28 години, беа уапсени во Германија.
Тие се обвинети за користење на форуми за продажба на оружје и дроги како хероин, кокаин и амфетамин.
Слично
