Во Европа сто милиони луѓе тонат во сиромаштија
Во Европа скоро сто милиони луѓе тонат во сиромаштија, покажуваат податоците на Евростат.
Бугарија, Грција, Романија и Шпанија се земји кои се најизложени на сиромаштија во ЕУ. Но, Евростат објави дека изминатата година скоро 27,6 милиони луѓе во ЕУ биле исто така во тешка финансиска, но и социјална состојба, а други 27,1 Европејци живееле во домаќинства со низок интензитет на работа. Економиите на Чешка, Словачка, Словенија, Холандија и Финска изминатата година не дозволиле зголемување на сиромаштијата кај своето население и во услови на корона-кризата. Можно е по завршувањето на пандемијата на коронавирусот, во ЕУ сиромаштијата да го достигне дури и највисокото ниво во поновата историја.
Слично
