Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во ЕУ постои земја поуспешна од Германија

Во ЕУ постои земја поуспешна од Германија

Немаат невработени, им растат платите и им требаат работници. 

Чешка Република бележи рекордно ниска невработеност. Во последниот квартал од 2016 година невработеноста изнесувала 3.6%. Тоа е најдобар резултат од осамостојувањето на земјата. 

Според Еуростат, во Германија има поголема невработеност и таа изнесува 4.1%. 

Сепак, двете земји имаат сличности затоа што имаат моќна индустрија, пред се автомобилска и се ориентирани кон извоз. 

Имаат стабилен трговски баланс, добри јавни финансии, а задолженоста е на ниво кое не може да предизвика страв и загриженост. 

Се очекува и раст на платите затоа што работодавците трпат притисок да ги задржат работниците на истите позиции. 

Во Чешка недостигаат квалификувани и неквалификувани работници. 

Од друга страна има голем интерес за производите на чешката економија, велат економистите. 

Петар Малач, советник на чешкиот премиер вели дека од почеток на чешката влада приоритет и е привлекувањето на инвестиции и создавањето на нови работни места. 

Слично

Поврзани вести