Економија, финансии, бизнис

Контакт

ВО ЕУ ИМА СИРОМАШНИ ПЕНЗИОНЕРИ: Eве што покажаа бројките од Еуростат

ВО ЕУ ИМА СИРОМАШНИ ПЕНЗИОНЕРИ: Eве што покажаа бројките од Еуростат

Еден од седум пензионери во Европа е во ризик од сиромаштија, наведува Еуростат. 

Во Европа се зголемува бројот на сиромашни пензионери. 

Во 2017 година, процентот на пензионери кои се изложени на ризик од сиромаштија во Европската унија (ЕУ) се проценуваше на 14,2%, или нешто повеќе од 13,8% колку што имаше во 2016 година. Стапката постепено се зголемува од 2013 година, кога изнесуваше 12,6%.

Во повеќето од 27-те земји членки на ЕУ за кои се достапни податоците од 2017 година, процентот на пензионери кои се изложени на ризик од сиромаштија е помеѓу 10% и 25%. Четирите земји со стапка на ризик од сиромаштија над 30% во 2017 година беа Естонија (46%), Латвија (44%), Литванија (37%) и Бугарија (32%).

Спротивно на тоа, најниските стапки во 2017 година беа во Франција (7%), Словачка (8%), Данска, Унгарија и Луксембург (сите 9%).

Во ЕУ како целина помеѓу 2010 и 2017 година, процентот на женски пензионери кои се изложени на ризик од сиромаштија се околу 2-3 процентни поени повисоки од стапката за машки пензионери.

Во Македонија 7.1% во 2016 година биле сиромашни, а за 2017 година Еуростат нема податоци. 
Соседна Србија истата година имала 15.4% сиромашни пензионери. 
Турција имала 4.9% сиромашни пензионери во 2016 година. 
Слично

Поврзани вести