ВО ЕУ ИМА 5.7 МИЛИОНИ РАБОТНИ МЕСТА ПОМАЛКУ: Франција, Полска, Италија и Грција најпогодени
Поради пандемијата на коронавирусот во ЕУ се намалил бројот на работните места за 5,7 милиони. Овој податок се наведува во извештај на Европскиот фонд за подобрување на условите за живот и работа (Eurofound), кој денеска е објавен.
„Во вториот квартал на 2020 година, ЕУ вработи 5,7 милиони луѓе помалку отколку во последното тримесечје на 2019 година, додека стапката на невработеност во ЕУ се зголеми од 6,6 на 6,7 проценти“, се наведува во документот.
Според Еврофонд младите работници се најпогодени од пандемијата. Стапката на вработеност кај младите бележи поголем пад за време на пандемијата отколку за време на финансиската криза 2008-2009 година. Меѓу земјите на ЕУ особено погодени од пандемијата, Еврофонд ги издвојува Франција, Полска, Италија и Грција. Оваа криза ги погоди главно индустриите кои вработуваат главно жени. Тука се вбројуваат туристичкиот сектор, угостителството и услугите на недвижнини.
