Економија, финансии, бизнис

Контакт

Во експлозија во фабрика во Бугарија загинаа 15 работници – работеле за 120 евра плата!

Во експлозија во фабрика во Бугарија загинаа 15 работници – работеле за 120 евра плата!
Силна експлозија во фабрика за оружје и муниција во Бугарија се случи синоќа. Во моментот на експлозијата во фабриката се наоѓале 12 работници и тројца раководители од управата - се стравува дека сите се загинати. Точниот број на жртвите не може да се потврди, затоа што пристапот до фабриката и натаму е невозможен заради голема опасност од нови експлозии. Спасувачките екипи ќе можат да влезат дури околу 24 часа по последната експлозија. Фабриката се наоѓа во селото Горни Лом, на 120 километри од Софија. Надлежните проценуваат дека нема непосредна опасност за локалното население и не е наложена евакуација. Сопственикот на фабриката Валери Митков вели дека во моментот на експлозијата внатре, покрај работниците, биле и неговиот син, кој е извршен директор, началникот на смена и технологот на фабриката. Тој нема објаснување што можело да ја предизвика несреќата. Надлежните открија дека фабриката во последните месеци неколкупати била казнувана од инспекторите заради непочитување на правилата за заштита при работа и на законските прописи за рабтни односи. Муниција се чувала на самиот излез, па работниците тешко излегувале од објектот. Условите за работа биле тешки, а недостигале и основните средства за заштита на работното место. Сепак, бил единствената можност за вработување во Горни Лом. „Тоа беше единствена шанса за вработување таму. Последната плата што ја добиле работниците е под минималната - добиле 240 лева (120 евра). Претстојат проверки од трудовите инспектори. Таа фабрика веќе нема да работи, но да ги видам прво резултатите од истрагата“, изјави бугарскиот министер за социјала Јордан Христосков. Во последниот период фабриката работела на грчки противпешадиски мини.  
Слично

Поврзани вести